You must enable JavaScript to view this site.
This site uses cookies. By continuing to browse the site you are agreeing to our use of cookies. Review our legal notice and privacy policy for more details.
Close
Homepage > Regions / Countries > Europe > Balkans > Macedonia > Macedonia: Defusing the Bombs

Македонија: Деактивирање на Бомбите

Europe Briefing N°75 9 Jul 2015

The full briefing is available in: English

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ И ПРЕПОРАКИ

Македонија се опоравува од два шока. Во моментите кога се одвиваше скандалот со објавените прислушувани телефонски разговори кои прикажуваат државен апаратус кој е заробен и корумпиран од страна на владеачката партија, во етнички мешаниот град Куманово се случи пресрелка помеѓу Македонската полиција и вооружени лица од Албанска етничка припадност, од кои повеќето се од Косово, која придонесе до најголемиот број на загубени животи во регионот во последната деценија. Доколку веднаш не се обрне внимание на овие проблеми, двојната криза поврзана со легитимитетот на Владата и регионалната безбедност придонесува до појавување на ризик кој може да предизвика насилни судири, а во најлош можен случај и до елементи на конфликт како оној во 2001 година. Дискредитираните национални институции во Македонија неможат сами да се справат со оваа криза. Опозицијата ги прекина преговорите посредувани од страна на Европската Унија (ЕУ) во кои партиите се договорија за реформи и предвремени избори, бидејки истите тие преговори беа ставени во ќор-сокак околу тоа дали премиерот кој е на власт од 2006 година треба да даде оставка и околу времетраењето на привремената влада која би имала за задача да овозможи еднакво и фер ниво на натревар помеѓу партиите. Европската Унија мора да изврши притисок за постигнување на сеопфатен меѓупартиски договор со помош на меѓународната заедница за испитување на наводната контрола на државните институции од страна на владеачката партија и наводната корупција во тие институции, вклучувајки независна истрага и мониторинг. Македонија и Косово, истотака со меѓународна помош, треба заеднички да ги истражат случувањата во Куманово.

Во Февруари 2015 година главната опозициска партија почна со објавување на извадоци од нелегално прислушувани телефонски разговори кои тие тврдат дека ги имаат добиено од неидентификувани луѓе во Македонската Управа за безбедност и контраразузнавање. Масивното прислушување, кое најверојатно се случувало од 2010 до 2014 година, се чини дека се фокусирало на илјадници граѓани, вклучувајки голем број на високи функционери во опозицијата и во Владата на Република Македонија, како и амбасадори и медиумски личности. Објавените извадоци од прислушуваните телефонски разговори се фокусираат на наводни разговори помеѓу високи функционери во Владата кои планираат да ги манипулираат изборите во државата и Македонското судство, да ги контролираат Македонските независни медиуми и да ги казнуваат своите партиски неистомисленици. Многумина од луѓето кои треба да поднесат одговорност за решавање на наводните нелегалности во врска со објавените прислушувани разговори се и самите директно вмешани во истите.

Во екот на оваа криза, полициска акција во Куманово на 9ти Мај наиде на добро вооружана група на етнички Албанци, вклучувајки борци на поранешната Ослободителна армија од Косово. Кога борбата помеѓу полицијата и вооружената група замре следниот ден, мултиетничкото соседство во кое се одвиваше битката беше уништено, осум полицајци и десет вооружени лица од спротивната страна беа мртви, 37 луѓе беа ранети а околу 30 луѓе беа во притвор. Високи Македонски и Косовски функционери имале претходни сознанија за барем некои од активностите на вооружената група во Македонија, но остануваат уште многу загрижувачки нејаснотии кои треба да бидат разрешени, вклучувајки информации за тоа кои биле плановите на таа вооружена група во Македонија, кои биле можните соработници на таа група од двете страни на Македонско-Косовската граница и информации за многу детали од акцијата на Македонската полиција во Куманово.

Овој инцидент не предизвика етнички конфликт. Етничките Албанци, кои претставуваат околу четвртина од населението, се незадоволни од второкласниот статус и не еднаквиот третман кои тие сметаат дека го имаат во државата која е доминирана од страна на етничките Македонци. Тие очекуваа повеќе од Рамковниот договор од 2001 година (ОРД), кој стави крај на започнатата граѓанска војна и беше составен со цел да им даде поголема улога во еднаквата поделба на власта во унитарната Македонска држава. Засега не постои голема желба за нова борба. Додека меѓуетничкиот мир се покажа отпорен на вакви случувања, тоа не значи дека нови објавени прислушувани разговори или нови смртоносни инциденти нема да придонесат до зголемување на ризикот од нов конфликт.

Долго време се сметаше дека Македонија гради модерна и транспарентна земја која го интегрира своето етничко Албанско население, но тој прогрес престана и дури се влоши започнувајки во најмала рака од 2008 година кога Грција ја блокираше Македонската интеграција во Европската Унија и НАТО поради ексцентричниот спор кој двете земји го имаат во врска со името на републиката. Објавените прислушувани разговори кои наводно илустрираат дека владејачките партии ја злоупотребиле својата моќ и привилегии преку корупција и криминал истотака ја компромитираат коалицијата меѓу Македонските и Албанските партнери во власта. Премиерот Никола Груевски, кој негираше дека сторил нешто лошо, и лидерот на опозицијата Зоран Заев играат партија покер со големи влогови на преговорите спонзорирани од страна на Европската Унија, додека повеќе илјадници активисти одржаа конфронтивни политички собири во центарот на Скопје во Мај и останаа да кампуваат пред зградите на Владата и Парламентот во Македонија.

Европската Унија, која има директен удел во заканата за регионалната стабилност и одговорност да и помогне на државата на која и има доделено кандидатски статус за прием во унијата, мора да ги удвои своите напори и да ги убеди Македонските лидери да ја вратат довербата во владата со постигнување меѓупартиски договор со кој се обврзуваат да:

  • преку нормални парламентарни процедури се воспостави привремена влада со соодветно членство на сите главни партии, чија главна задача треба да биде да ги спроведе реформите потребни за веродостојни избори во Aприл 2016 година (две години порано), особено оние поврзани со избирачките списоци, рамноправен пристап до медиумскиот простор и злоупотребата на владината функцијата за партиски цели;
  • донесат закон во парламентот за воспоставување на две независни комисии (“А” и “Б”), и двете со овластувања да бараат и да добијат активна стручна помош од ЕУ, САД и други. Мандатот на комисијата “А” треба да се фокусира на помагање на напорите на преодна влада во однос на подготовката на веродостојни предвремени избори, и да ги врши мониторинг на истите тие напори; Мандатот на комисијата “Б” треба да се фокусира на справување со скандалот со прислушуваните разговори, вклучувајќи истрага за криминалот и корупцијата што се појавуваат во истите;
  • прифатат фактот дека привремената влада ќе остане на функцијата и предвремени избори нема да се одржат освен ако Комисијата “А” не утврди дека се исполнети сите критериуми и нивната имплементација е на доволно високо ниво; и
  • работат на подобрување на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор преку обезбедување на правична застапеност на етничките Албанци на сите нивоа на јавна функција; добар дел од владините инвестиции да бидат наменети за етнички албанските области; го почитуваат законот за јазична еднаквост.

Меѓупартискиот договор треба да бара уште поголема посветеност од Македонските лидери да:

  • бараат заедничка истрага помеѓу Македонија и Косово во врска со инцидентот во Куманово, со експертска помош од агенциите на ЕУ и САД, со цел да се подобри безбедносната ситуација и да се спречат идни вакви напади; и
  • подобрување на билатералните односи со Косово, преку на пример одржување редовни заеднички средби на кабинетите на двете земји и соработка за мониторинг на границата.
Скопје/Брисел, 9 јули, 2015


ЦИТАТИ

Земјата е во виорот на политичката криза предизвикана од сензитивни материјали од прислушувани телефонски разговори кои се чини дека прикажуваат драматични нивоа на корупција и криминал. Изливот на насилство во етнички мешаното Куманово креираше додатен немир во регионот, разгорувајки ја загриженоста за потенцијалот од нов конфликт.
- Наим Рашити, консултант на Европската и Централно Азиската програма при Меѓународната Кризна Група и директор на проектот Балканска Група за Истажување на Политики.

За Македонија да се врати назад на вистинскиот пат и да го спречи ризикот од можно насилство, треба да се состави инклузивна привремена влада која би ги испитала откритијата од прислушуваните телефонски разговори и инцидентот во Куманово, која би имплементирала структурални реформи кои се потребни за да се одржат веродостојни избори во 2016 година и која би работела на подобрување на односите помеѓу етничките Македонци и етничките Албанци во државата преку длабока и темелна импламентација на Охридскиот Рамковен Договор кој стави крај на граѓанската војна во 2001 година.
- Марко Прелец, консултант на Европската и Централно Азиската програма при Меѓународната Кризна Група и извршен директор на проектот Балканска Група за Истажување на Политики.

Доколку не се постигне политички договор, лидерите ќе продолжат да ги зголемуваат опасните влогови на кризата и јавниот немир ќе порасне. Објавувањето на нови прислушувани разговори, појавувањето на нови прашања за Куманово како и зголемените етнички поделби преставуваат потенцијални жаришта на незадовоство, особено од страна на четвртина од населението во Македонија кое е од Албанска етничка припадност.
- Џенифер Леонард, Заменик Директор на Канцеларијата на Меѓународната Кризна Група во Вашингтон, САД.

Посредуваниот меѓупартискиот договор од страна на Европската Унија, која има свој влог и должност кон својата земја кандидат за членство, е критичен прв чекор за да се прекине политичката криза, но за тоа да се случи постои уште многу работа која треба да се заврши. Брисел треба да продожи да соработува со Македонија за да и се овозможат на земјата механизми за напредок во реформите и за спроведување на веродостојни и меѓународно поддржани истраги кои ќе и помогнат да го направи следниот чекор за пристапување кон унијата.
- Жан Мари Гуено, Претседател и Директор на Меѓународната Кризна Група

More Information

Media Contacs

Nadja Leoni Nolting (Brussels)
@NadjaLeoni
+32 (0) 2 541 1635

Michael Zumot (Brussels)
@MichaelZumot
+32 (0) 2 290 57 62

Contact Crisis Group’s Communications Unit: media@crisisgroup.org

Quotes

Naim Rashiti 

“The country is in the throes of a political crisis triggered by incendiary wiretap revelations that appear to show dramatic levels of government corruption and criminality. An outburst of violence in ethnically mixed Kumanovo further unnerved the region, fuelling concern about the potential for conflict”.

Naim Rashiti, Europe and Central Asia Program Consultant and Project Director at the Balkans Policy Research Group

 Marco Prelec

“To put Macedonia back on track and avert risk of violence, an inclusive interim government needs to be put in place to investigate the wiretap revelations and the Kumanovo incident, implement the structural reforms necessary to hold credible elections in 2016, and improve relations between ethnic Macedonians and Albanians by deep and thorough implementation of the Ohrid Framework Agreement that ended the 2001 civil war”.

Marko Prelec, Europe and Central Asia Program Consultant and Executive Director at the Balkans Policy Research Group

 Jennifer Leonard

“Unless there is a political agreement, leaders will continue to raise the stakes and popular unrest will grow. More wiretap revelations, questions about Kumanovo, and growing ethnic divisions each present potential flashpoints for festering grievances, especially for the one-quarter ethnic Albanian community”.

Jennifer Leonard, Washington Office Deputy Director

 

“The inter-party agreement being mediated by the EU, which has a particular stake in and responsibility toward its candidate country, is a critical first step to defuse the political crisis, but much work remains. Brussels should continue to work closely with Macedonia, letting the country’s progress on reforms, and the conduct of credible, internationally supported investigations help inform a decision on accession”.

Jean-Marie Guéhenno, President & CEO